МИЛАН СЕ ПОЛАКОМИ ЗА СИТНО, СЛЕДНОТО ЛЕТО ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ГОЛМАН И БЕЗ ПАРИ
Објавено на: 10.06.2025
Милан ја одби и последната понуда од Челси за Мајк Мењон во износ од 18 милиони фунти, по што Сините се повлекоа и решија да не купуваат нов чувар на мрежата. Клубот од Лондон силно притискаше да го обезбеди потписот на францускиот голман до крајот на денот со цел Мењон да биде регистриран за Светското клупско првенство, но лакомоста на Росонерите се покажа како најголема пречка во преговорите.
Челси нема да понуди повеќе од 18 милиони фунти, додека Милан бара два милиони фунти повеќе. Причината што лондочнани не потпаѓаат на уценувањата се дека Мењон следниот месец ќе наполни 30 години, а воедно му преостанува една година од договорот со миланскиот гигант, па следното лето може да го добијат без отштета.
И Мењон го посакуваше трансферот, нагласувајќи дека нема да ја продолжи соработката со Милан, што значи дека ова му е последна сезона на „Сан Сиро“ доколку работите не се сменат во преостанатиот дел од летниот преоден рок. Така, Милан следната сезона ќе остане без искусниот голман, но и без каква било заработка.