ТАЖЕН ДЕН ЗА ФУДБАЛОТ: ЗГАСНА КЛУБОТ НА БАЏО, ПИРЛО, ГВАРДИОЛА…
Објавено на: 09.06.2025
Италијанскиот третолигаш Бреша банкротира откако управата не успеа да ги подмири долговите од три милиони евра до дадениот рок до 6 јуни. Сумата од три милиони евра е долг од изминатите два месеци, клубот не успеа да ги подмири трошоци околу платите на вработените вклучувајќи ги и играчите, како услов Бреша да добие лиценца за да се натпреварува во Серија Ц.
По 114 години постоење, Бреша згаснува и сега е потребен нов инвеститор со кој ќе се почне нов проект од четвртата лига во Италија, во полупрофесионалниот ранг. Во меѓувреме, првиот човек Масимо Селино го навлече гневот на фановите на клубот, како и сите фудбалски фанатици од целиот свет, поради што не успеа да ги подмири трошоците со што автоматски е главен виновник што клубот банкротира.
Ова е вистинска штета за италијанскиот фудбал, особено ако се знае дека Бреша своевремено беше дом на великани како Роберто Баџо, Андреа Пирло, Гвардиола… Како и Сандро Тонали како најголем талент на овој клуб во поновата историја.
Инаку, покрај Бреша и Спал се соочува со финансиски проблеми, па и овој третолигаш се наоѓа пред банкрот поради неисплатени долгови.