Фудбал

СИ ИГРАШЕ СО ДРОГАТА И СИ ЈА УНИШТИ СУДИСКАТА КАРИЕРА, СЕГА РАБОТИ КАКО ПОШТАР (ВИДЕО)

Дејвид Кут, англискиот судија кој во ноември минатата година остана без работа откако на социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа како користи наркотици, сега работи како поштар.

Премиер лигата го отпушти Кут поради видеото со кое се докажа дека „уживањето“ со кокаинот го правел за време на Европското првенство, а бидејќи беше под дејство, јазикот му беше без влакна и користеше секакви навредливи зборови да го опише Јирген Клоп, ексменаџерот на Ливерпул.

Кут е вистински пример како не треба човек да се препушта на секакви задоволства.