УЕФА ЌЕ ЈА УДРИ БАРСА, A ЌЕ ГИ ПЛЕСНЕ И ЧЕЛСИ И АСТОН ВИЛА ЗА КРШЕЊЕ НА ФФП
Објавено на: 04.06.2025
Британски „Тајмс“ утринава ексклузивно објави дека УЕФА подготвува санкции за три европски клуба поради кршење на правилата на финансискиот фер-плеј. Станува збор за Барселона, Челси и Астон вила, а најавена е поригорозна казна за Каталонците.
Имено, Барса веќе втора во низа ги прекрши правилата и се соочува со одземање бодови за следната сезона како и парична казна. За англиските клубови ќе има поблага казна бидејќи им е прв прекршок, па за нив најверојатно ќе следува само парична казна.
Европската фудбалска куќа во наредниот период ќе ги обелодени сите детали, како и конечните одлуки околу видот на санкциите за трите претставници во европските натпреварувања.