ЧАС ПО ИСТОРИЈА: ПАНЧЕВ И НАЈДОСКИ НА ДЕНЕШЕН ДЕН СТАНАА ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ (ВИДЕО)
Објавено на: 29.05.2025
Изминаа 34 години од историската вечер во Бари, кога Дарко Панчев и Илија Најдоски ја освоија европската круна заедно со Црвена звезда. Македонските фудбалски легенди на 29 мај 1991, го донесоа дотогаш најголемиот спортски успех во поранешна Југославија, кога во финалето од ЛШ го совладаа Марсеј со 5-3 по пенал-рулетот, а пеналот за титула го постигна токму Панчев.
На патот до титулата, популарните белградски Црвено-бели ги елиминираа Грасхоперс, Ренџерс, Динамо Дрезден, Баерн Минхен, за на крајот и Марсеј да ја почувстува моќта на тогашната Звезда. Панчев истата сезона ја освои и „Златната копачка“ на Европа, а беше втор во изборот на ФИФА за „Златната топка“ зад Папен, иако јавноста тогаш не се согласуваше со изборот и се тврдеше дека легендарниот Кобра ја заслужува наградата.
Само осум месеци подоцна, Панчев и Најдоски со Звезда се искачија и на светскиот фудбалски трон, откако во финалето на Светското клупско првенство го совладаа Коло Коло со 3-0, меч во кој Панчев повторно беше стрелец, овојпат за 3-0.