Фудбал

МИЛЕВСКИ ПОВИКА ЕДЕН ДЕБИТАНТ ЗА ДУЕЛИТЕ ПРОТИВ БЕЛГИЈА И КАЗАХСТАН

Селекторот на машката сениорска фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, повика еден дебитант во националниот состав за дуелите против Белгија и Казахстан во јунскиот квалификациски циклус за Мундијалот 2026.

Стефан Деспотовски, 22-годишниот десен бек на ОФК Београд е новитетот во составот на Боби, додека поради повреди во овие квалификации нема да играат Дарко Велковски, Никола Серафимов и Лирим Ќамили.

„Знаеме дека дуелите против Белгија и Казахстан ќе бидат тешки, но и овојпат морам да потенцирам дека Македонија игра најдобро против тешки противници и кога се соочува со проблеми. Белгија е во топ 5 селекциите во Европа, на сите ние добро познат нивниот колективен и индивидуален квалитет. Имаме план и стратегија, но ќе видиме кои играчи ќе може да ги исполнат. Наше е да го дадеме максимумот“, посоли селекторот на денешната прес-конференција.

Во прилог комплетниот состав на Македонија:

Натпреварот против Белгија во Скопје е предвиден за 6 јуни, а три дена подоцна следува гостување во Казахстан.