Фудбал

ШЕГОБИЕЦОТ АНЧЕЛОТИ ОБЈАСНИ ЗОШТО НЕ ГО ПОВИКА ЕНДРИК ВО СЕЛЕКЦИЈАТА НА БРАЗИЛ

Карло Анчелоти беше претставен како нов селектор на Бразил пред два дена, а прва обврска му беше да го објави составот на Кариоките за јунските квалификациски натпревари за Мундијалот 2026.

Тоа и го направи, а изостави неколку звучни имиња како Нејмар, а и двајцата неодамнешни негови играчи од Реал Мадрид, Родриго и Ендрик. Кога новинарите го прашаа зошто Ендрик не е повикан за дуелите со Еквадор и Парагвај, популарниот Дон Карло на хумористичен начин одговори.

„Ендрик не е повикан затоа што неговиот поранешен тренер не му даде доволно минутажа во сезоната која е зад нас“, посочи Анчелоти.

Секако, италијанскиот стратег се пошегува на своја сметка бидејќи до пред помалку од една недела Анчелоти му беше предводник на младиот бразилски офанзивец.

Инаку екстренерот на Реал на 5 јуни ќе дебитира на клупата на Кариоките, во дуелот против Еквадор.