ДРЕСОВИ НА ИНТЕР СЕ ПРОДАВААТ КАКО АЛВА ВО МАРСЕЈ
Објавено на: 27.05.2025
Интересни вести пристигнуваат од Франција во пресрет на финалето во Лигата на шампионите, во кое ПСЖ и Интер ќе го одлучуваат новиот европски шампион.
Дресови на Интер се продаваат како алва во францускиот град Марсеј, каде навивачите на истоименуваниот клуб даваат поддршка на противникот на нивниот најголем ривал од Лига 1.
„Не продадовме ниту еден дрес во текот на целата година, а само нашата продавница располага со дресови на Интер. Оддеднаш, се појави огромен интерес за дресови на Интер. Целиот град се претвори во симпатизери-интериски. Вистинско лудило!“, изјави менаџерот на една продавница за спортска опрема во Марсеј.
Очигледно е дека фановите на Марсеј ќе навиваат за Нероаѕурите да го освојат трофејот со големите уши, со цел Олимпик да остане единствениот француски клуб со европска титула.
Колку за потсетување, финалето меѓу ПСЖ и Интер е закажано за в сабота од 21 часот, а ќе се игра на „Алијанц“ арената во Минхен.