ТИПУВАМЕ

СЕЗОНАТА РЕЧИСИ ЗАВРШИ, НО НЕ И ЖЕЛБАTA НА ИГОР ЗА ДОБИТЕН ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ

Можеби најатрактивните лиги во Европа и светот завршија, останаа само да се доиграат финалињата во ЛК и ЛШ, но тоа не значи дека не може да се најдат натпревари со кои може да се состави добитен предлог-тикет.

Во нашиот билтен секогаш се наоѓаат барем шест пара кои може да се комбинираат за добивка, а токму тоа Игор го направи денес.

БРАУМШВАЈГ – САРБРУКЕН: Победа домаќин или реми и 2+ гола

Некогашниот бундеслигаш е на чекор од обезбедување опстанок во Цвајте, со тоа што Браумшвајг вечерва треба да ја оправда победата од 2-0 од првиот меч. Токму на тоа се надева и Игор, или евентуално мечот да заврши без победник, но да паднат барем два гола.

МОНФИС Г. – ДЕЛИЕН Х.: Победа домаќин

Искусниот Монфис не би требало да има проблеми на стартот од Отвореното првенство на Франција, па од домаќинот се очекува без потешкотии да го совлада боливискиот тенисер во првото коло.

ИНДИЈАНА – ЊУЈОРК: Победа домаќин

Пејсерси дефинитивно се најпријатното изненадување во разигрувањата од НБА лигата, а ноќеска треба да стигнат до водство од 3-1 во финалната серија од Истокот, со помош на расположените Халибартон и Сијакам.

БЕТИС – ЧЕЛСИ: Гол-гол

Финалето во Конференциската лига ќе се игра помеѓу двата најголеми фаворити во ова натпреварување. Нема да се прогнозира победник, туку Игор посакува во регуларните 90 минути да има погодоци на двете страни.

БОДО/ГЛИМТ – ВИКИНГ: Победа домаќин

Актуелниот првак на домашен терен го пречекува моменталниот лидер во  норвешкото првенство, со очекувања дека евентуален триумф ќе го доближи Бодо до врвот на табелата, од кој засотанува 10 бода поради помалку одиграни натпревари.

АНТВЕРП – ШАРЛЕРОА: 1-2 гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Победникот од овој дуел ќе обезбеди квалификации во Конференциската лига за следната сезона, а домаќините се фаворити за нијанса. Наместо да се одредува кој ќе се радува на крајот, Игор посакува да има најмногу два гола во првите 45 минути, додека доволен ќе биде еден гол во второто полувреме.

Влогот на Трпески стандардно е 200 денари, првиот натпревар на тикетот почнува вечерва во 20:30 часот, така што имате време дотогаш да ја искористите шифрата за брза уплата доколку сакате да ја одиграте неговата визија.

ШИФРА: W05271396652