Ракомет

НАВИВАЧИ НА ГРЧКИ АЕК ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ ЗА РЕВАНШОТ

Иако нивниот тим има негатива од четири гола пред реваншот во Скопје, навивачите на АЕК не се откажуваат од трофејот и поддршката, па организирани во четири автобуси доаѓаат во салата Борис Трајковски.

Ваквиот факт го открија грчките медиуми, според кои АЕК се обратил до раководството на Алкалоид да обезбеди влезници за гостински навивачи. Натпреварот се игра утре во најголемата сала во Македонија, влезниците се распродадени, а од организаторот, скопскиот клуб од Автокоманда упатуваат на фер и коректно навивање и на домашните, но и на евентуалните гостински навивачи.

Гостинскиот АЕК поседува една од највжештените навивачки бази во Грција, именувани како „Ориџинал 21“, група која се состои од повеќе подгрупи организирани за поддршка на клубовите со жолто-црна боја. На социјалните медиуми уште пред пет дена објавија дека доаѓаат во Скопје со вулгарен речник.

Се надеваме дека натпреварот ќе помине без инциденти и провокации од двете страни, а ние очекуваме Галевски повторно да ги стиши вжештените жолто-црни ултраси.