Фудбал

РУСКИ ШПИОНИ ГИ КОРИСТЕЛЕ ВИДЕАТА НА РОНАЛДО НА YOUTUBE ЗА КОМУНИКАЦИЈА

Кој би рекол, нели? Германските власти откриле тајна руска шпионска операција во која што руските тајни агенти комуницирале во коментари под видеата на Кристијано Роналдо на Youtube.

Според британски Sun, случајот датира од далечната 2011 година во која пар од Германија повеќе од две децении „оперирале“ на германско тло во корист на Москва.

Андрус и Хајдрун Аншлаг, кои живееле во Марбург, град северно од Франкфурт, првично од соседите и сограѓаниет биле перцепирани како обичен брачен пар. Со австриски пасоши, за кои подоцна се покажало дека се фалсификувани – тие се претставувале како граѓани со јужноамериканско потекло. Андреас работел како автомобилски инженер, додека Хајдрун ги обавувала домашните активности и се грижела за нивната ќерка, која не била свесна за вистинскиот идентитет на нејзините родители.

Од извори блиску до истрагата, двојката била регрутирана пред падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и работела како разузнавачки агенти дури 23 години. Во овој период, тие пренесувале класифицирани информации од НАТО, Европската Унија и Обединетите нации до советските, а подоцна и руските разузнавачки служби. Извештаите покажуваат дека биле компензирани со годишна плата од приближно 98.000 долари.

Истрагите, исто така, ја открија нивната соработка со службено лице од холандското Министерство за надворешни работи, кое месечно обезбедувало класифицирани документи. Овие материјали биле дискретно пренесувани преку „dead drop“ (мртви т.н неактивни онлајн документи), со USB-уреди поставени на скриени места за собирање.

Првично, парот се потпираал на радио преноси и сателитски врски за комуникација со своите претпоставени. Меѓутоа, како што дигиталните платформи стануваа позастапени, тие ги адаптирале своите методи. На почетокот на 2011 година, создале YouTube профил под корисничкото име @Alpenkuh1, додека руската разузнавачка служба отвори сметка под корисничкото име @crsitanofootballer.

Според извештајот, шпионите ги користеле деловите за коментари од фудбалските видеа на Кристијано Роналдо за размена на кодирани пораки. Истражителите утврдија дека коментарите содржат низи од интерпункциски знаци што можат да се претворат во нумерички кодови, повикувајќи се на однапред договорени кодификувани пораки.

Примери за нивните кодирани размени вклучуваат коментари како „Одлично видео, а песната е неверојатна“, проследени со одговор од сметката поврзана со Кремљ во кој се наведува: „Тој трча и игра како ѓавол“.

Германските служби внимателно ги следеле активностите на двојката, што доведе до рација во нивниот дом во октомври 2011 година. Извештаите покажуваат дека Хајдрун била во процес на примање шифриран пренос преку радио уред кога властите влегле во просториите. Во следечката врева, таа го исклучила уредот.

Во јули 2013 година, германскиот суд го осуди Андреас на шест и пол години затвор, додека Хајдрун доби казна од пет и пол години. Службеникот на холандското Министерство за надворешни работи вклучен во операцијата беше осуден на 12 години. До крајот на 2015 година, двојката Аншлаг беа ослободени, а потоа депортирани во Русија.

Затоа, следен пат кога ќе прочиташ коментар на социјални медиуми со „трча како ѓавол“, размисли се два пати. 🙂