Фудбал

ВАЛЕНСИЈА ЌЕ ГО ТУЖИ ВИНИСИУС ПОРАДИ НЕГОВИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ

Само што беше пуштен за стримање на Нетфликс, документарецот за Винисиус почнува да ги бранува социјалните мрежи, но очигледно и правната фела во Шпанија.

Валенсија најавува тужби до Нетфликс, продуцентите и Винисиус за новиот документарец, во чиј фокус е бразилскиот напаѓач, кој од фавелите стигнува до светската слава.

Во него, фановите на Валенсија имаат една од главните улоги, а во документарецот ги претставуваат како расисти поради извиците кон него, на натпревар кој беше прекинат. Иако настанот подоцна беше под истрага и неколку фанови добија затворски казни, Валенсија бара извинување и исправка на сцените од документарецот и начинот на кој е прикажан инцидентот.

Тимот од Местаља, објави на социјалните мрежи соопштение, барајќи јасни чекори од продуцентите и Винисиус, а доколку тоа не се случи, ќе го дадат овој случај пред шпанските судови.

Сакајќи да ги расветлиме неправдите и лагите кон фановите на Валенсија, Клубот бара во писмена форма до продуцентите на документарецот исправка на настаните кои се случија на Местаља, кои не кореспондираат со вистината. Вистината и почитта кон нашите фанови мора да победи, Валенсија ќе покрене правни мерки доколку ова не се исправи.