Фудбал

ЛУДИЛОТО ВО САНДЕРЛЕНД И КОМЕНТАТОРОТ ПАДНАТ ВО ТРАНС: ГОЛ ВО 120+2 МИНУТА ЗА ПЛАСМАН ВО ФИНАЛЕТО (ВИДЕО)

Сандерленд ќе игра на „Вембли“ за камбек во Премиер лигата по осум години пауза, откако вчеравечер го елиминира Ковентри во реванш-полуфиналниот дуел од плејофот во Чемпионшип.

Вистинско лудило се случи на „Стадионот на светлината“, кога во втората минута од судиското надополнување во продолженијата, или поточно 122-та минута, Балар беше највисок во скокот при изведениот корнер на Ле Фе и ја заби топката во противничката мрежа за израмнување на 1-1, со што се постави вкупниот резултат од 3-2 во овој двомеч.

Колку значеше голот за фановите на овој клуб, покажува и клупскиот коментатор кој буквално падна во транс и речиси да го загуби гласот кога Балар ја затресе мрежата.

За пласман во Премиер лигата првпат по сезоната 2016/17, Сандерленд ќе мора да го совлада Шефилд јунајтед во големото финале кое е закажано на 24 мај.