Кошарка

МАКЕДОНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВО НБА!

Ти-Џеј Шортс се наоѓа пред ангажман на кариерата, откако повеќе медиуми ја најавија неговата преселба преку Барата, во франшизата на Мемфис Гризлис.

Македонскиот репрезентативец имаше брилијантна сезона во дресот на Париз со просек од 19 поени и 7,3 асистенции по натпревар, со што заслужено се најде во идеалната петорка на Евролигата.

Иако се поврзуваше со трансфер во Фенербахче, односно Панатинаикос, понудата да заигра во НБА лигата се чини неодолива и огромни се шансите Шортс за многу брзо време да биде претставен како нов член на франшизата од Тенеси.

Доколку ангажманот се реализира, Шортс би бил првиот македонски репрезентативец по Перо Антиќ кој би заиграл во НБА, но лошото е што не би бил достапен за следните квалификациски предизвици на Македонија.