Ракомет

МАКЕДОНИЈА ВО ТРЕТИОТ ШЕШИР, ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕП ЌЕ СЕ ДОЗНААТ ВО ЧЕТВРТОК

Македонската ракометна репрезентација обезбеди нов пласман на Европското првенство по вчерашниот убедлив триумф над Литванија со 26-17, продолжувајќи ја серијата пласмани на ЕП и СП од 2012 година наваму.

Момците на Лазаров како второпласирани од групата 1 ќе патува на 17-тото издание на Европското првенство, кое од 15 јануари до 1 февруари идната година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Познато е дека Македонија од третиот шешир ќе ги чека противниците во групната фаза, а истите ќе се дознаат во четврток 15 мај, кога е закажана ждрепката со почеток во 19 часот.

Шешир 1: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија и Словенија

Шешир 2: Норвешка, Португалија, Исланд, Хрватска, Шпанија и Фарски Острови

Шешир 3: Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Полска и МАКЕДОНИЈА

Шешир 4: Грузија, Србија, Швајцарија, Италија, Романија и Украина.