Фудбал

ФАНОВИТЕ НА БОДО СРЕДЕ НОЌ ИМ ПРИРЕДИЈА ПИРОТЕХНИЧКО ШОУ НА ГОСТИТЕ ОД ЛОНДОН И ГИ ОСТАВИЈА БЕЗ СОН (ВИДЕО)

Вечерва Тотенхем треба да го потврди пласманот во финалето од Лигата на Европа, со оглед на тоа дека има резултат од 3-1 во своја корист против Бодо-Глимт.

За задачата да им биде што е можно потешка, се погрижија фановите на Бодо кои ноќеска им приредија пиротехничко шоу на гостите од Лондон во непосредна близина на хотелот каде што престојуваа.

Во два часот по полноќ се распукаа огномети пред хотелот на Тотенхем, веројатно им се скрати одморот на Петлите пред нивниот најважен натпревар за оваа сезона.