Фудбал
ШЧЕЗНИ ПРИЗНА ДЕКА ПОГРЕШИЛ ЗА ТРЕТИОТ ГОЛ? (ВИДЕО)
Објавено на: 08.05.2025
Протече видео на социјалните мрежи како Шчезни во разговор со еден од тренерите на Барселона, ја објаснува ситуацијата за третиот гол кој Каталонците го примија во реваншот против Интер.
Ачерби беше стрелец на голот, јавноста, а особено навивачите на Барса го обвинуваат Араухо што лесно го пушти искусниот италијански стопер да им ја затресе мрежата, но сепак според гестикулациите на Полјакот, вината е кај него.