Фудбал

ХАОС ВО ПАРИЗ ПО ПОБЕДАТА НА ПСЖ: ПРОСЛАВАТА ПРЕРАСНА ВО ВАНДАЛИЗАМ (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен по вторпат во клупската историја ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите, по вчерашниот пласман во големото финале. Светците беа подобри во двомечот со Арсенал при вкупен резултат од 3-1, а тоа значеше дека во Париз ќе се слави на големо.

Тоа и се случи, навивачите на францускиот првак ги окупираа париските улици првично за да го слават успехот на тимот, меѓутоа набрзо ситуацијата ескалираше, па од обична прослава прерасна во вандално однесување.

Искршени излози, запалени возила, практично повеќе беа фокусирани да уништат јавен и приватен имот, отколку спортски да слават.