Ракомет

РАКОМЕТАРИТЕ ЈА ДОЗНАА ПРЕМИЈАТА ЗА ПЛАСМАН НА ЕП 2026

Машката ракометна репрезентација на Македонија деновиве ќе ги одигра двата клучни дуели против Естонија и Литванија во квалификациите за Европското првенство 2026. Во пресрет на натпреварите, се огласи ракометната федерација на Македонија со соопштение во кое го потврдува паричниот износ кој ќе следи за ракометарите како награда доколку обезбедат пласман на континенталниот турнир.

РФМ ќе исплати 1,5 милиони денари парична награда за евентуаелн пласман, а како дополнителна мотивација треба да делува и паричната награда од страна на Министерството за спорт, која исто така изнесува 1,5 милиони денари.

„Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација, за успешен пласман на претстојното европско првенство преку квалификациски натпревари против репрезентациите на Естонија и Литванија во рамки на Men’s EHF EURO 2026 – Qualification Phase 5 & 6 во висина од 1.500.000,00 денари нето износ од РФМ.
Како дополнитена мотивација од Министерстото за спорт по одлука на Министерот за спорт Г-дин Борко Ристовски вети дополнителна парична награда од 1.500.000,00 денари нето износ, за нашата машка сениорска репрезентација за пласман на Европското првенство“, пишува во соопштението.
Значи, доколку Македонија утре слави на гостувањето кај Естонија, а потоа во недела исто така запише победа против Литванија во Скопје, пласманот на ЕП е загарантиран за избраниците на Кире Лазаров, како и наградата од вкупно три милиони денари.