МАКЕДОНСКОТО ДЕРБИ ВО ТОП 5 НА СТАРИОТ КОНТИНЕНТ
Објавено на: 06.05.2025
Во сите тимски спортови кои се играат во Македонија, дербито Вардар – Пелистер важи за најголемо и најжестоко без разлика во каква ситуација се наоѓаат клубовите, како и тоа дали е во фудбал, кошарка, ракомет…
Така смета и ЕХФ, откако го рангираше најголемото македонско дерби како петто најдобро во Европа, кога станува збор за ракометни ривалства. Пред Вардар – Пелистер, најжестоки дербија се Барса – Кил, Кјелце – Висла Плок, Веспрем – Пик Сегед и ПСЖ – Монпелје.
ЕХФ на своите канали на социјалните мрежи ја објави листата на топ 5 најголеми ракометни дербија во Европа.