Фудбал

ИМ ГЕСТИКУЛИРАШЕ СО МЕЃУНОЖЈЕТО, А СЕГА ТРЕБА ДА ИГРА ЗА НИВ (ВИДЕО)

Познато е дека Рубен Аморим го чека многу работа во текот на летниот преоден рок во кој ќе треба од корен да го реконструира тимот на Манчестер јунајтед. Многу имиња се во игра, а меѓу нив е и младиот креативец на Лион, Рајан Черки.

Францускиот офанзивен плејмејкер имаше аудиција во двомечот од 1/4 финалната рунда во Лигата на Европа, постигна гол за 3-2 во реваншот на „Олд трафорд“ со кој Лион беше пред пласман во следната фаза, но се случи фамозниот пресврт на Јунајтед по кој француските Лавови претрпеа елиминација.

Околу аудицијата, може да се каже дека Черки ја помина од фудбалски аспект, но го навлече гневот на домашните фанови со некултурната гестикулација држејќи се за меѓуножјето додека фановите на Јунајтед го провоцираа од трибини. Се чини дека на Аморим не му смета што навивачите по овој потег не сакаат да го видат Черки во црвениот дрес, па наводно веќе е отпочнат процес на преговори за ангажман на фудбалерот.

Талентираниот првотимец на Лион има откупна клаузула од 25 милиони фунти, сума која Јунајтед без проблем може да ја плати, доколку го убеди Черки да се пресели на Островот.