АНГАЖМАНОТ НА АНЧЕЛОТИ ВО БРАЗИЛ Е ПРЕД КОЛАПС
Објавено на: 30.04.2025
Управата на Реал Мадрид прави опструкции на најавениот ангажман на Карло Анчелоти на селекторското столче на Бразил, откако клубот не планира да го пушти италијанскиот стратег во јуни како што очекуваа Кариоките.
Бразилската федерација постигна вербален договор со Анчелоти и надежите беа дека Дон Карло уште во јуни ќе почне со работа, но Кралевите сакаат да го задржат за да го води тимот и на Светското клупско првенство, кое ќе трае до средината на јули. Ова претставува проблем и како што стојат моментално работите, Анчелоти нема да го преземе Бразил.
Целта беше што порано да почне со работа за да го подготви националниот тим за Светското првенство кое идната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико, но по сите изгледи ќе се бара алтернатива, а Анчелоти ќе биде разрешен дури по Светското клупско првенство.