Кошарка

КОМПЈУТЕРСКА СИМУЛАЦИЈА: ШТО БИ БИЛО ДОКОЛКУ ЛЕБРОН БИЛ ДЕЛ ОД БУЛС НА ЏОРДАН?

Колку пати си бил дел од дискусијата кој е најдобриот на сите времиња? Дали е тоа Џордан, Леброн, Брајант, а во поново време и Стеф Кари?

Според многумина, ниту еден од овие „поновиве“ суперѕвезди не треба да се споредува со Мајкл Џордан, бидејќи немаат играно во тоа време, освен мал период Коби Брајант. Истото го потврдува и Скоти Пипен, најблискиот соиграч на Џордан, според кого, кошарката во тоа време била пофизичка, со помалку поени.

Нашата ера беше многу физичка, се постигнуваа по 85-90 поени од тим. Гледајќи ја оваа кошарка сега, не може никако да се според со нашата, а е и помалку компетитивна. Мајкл ја правеше да биде нашата кошарка многу компетитивна. Она што Џордан го направи за 12 до 14 години, му беа потребни повеќе од 20 години на Леброн

изјави Скоти Пипен неодамна.

Сепак, компјутерска симулација направена од кошаркарскиот поткаст и канал MED, направена со вкрстување на податоци и статистики на Леброн Џејмс со кошаркарите од тоа време, откри дека доколку тој настапувал во времето на Џордан, би имал освоено пет МВП титули, наспроти три кои ги има освоено „Ем Џеј“.  Исто така, Леброј би имал освоено четири МВП титули на финалето, додека сега 62 годишниот Џордан би останал со три. Сума сумарум, математиката дека Леброн не би можел со кошаркарите од тоа време, според компјутерите и статистиката „не држи вода“ бидејќи ваков Леброн би бил многу подоминантен во однос на Џордан, кога е во прашање физичката подготвеност.

Што мислиш, кој според тебе е најдобриот на сите времиња?