НАВИВАЧИТЕ НА БАРСА ВО НЕВЕРУВАЊЕ: РАФИЊА Е ДОСТАПЕН ЗА…
Објавено на: 22.04.2025
На фановите на Барселона не им се верува какви информации прочитаа денес во врска со еден од најдобрите поединци во тимот на Хансли Флик оваа сезона. Имено, спортскиот директор Деко им дал дознаење на заинтересираните клубови дека Рафиња е достапен ова лето за сума од 85 милиони евра.
Ваква шокантна информација нема да помине добро во фан-базата на шпанскиот гигант, поради фактот што 28-годишниот бразилски крилен офанзивец ја игра сезоната на кариерата. Досега забележа 30 погодоци и 23 асистенции во вкупно 48 настапи, со што Рафиња заслужи да е меѓу кандидатите за Златната топка, но се чини дека високата сума и можноста за заработка е причината што Деко решил да не му стои на патот на Рафиња доколку стигне понуда.
Што се однесува до интересот, од Премиер лигата се јавија шампионот во најава Ливерпул, вицешампионот Арсенал, но и Челси. Сите три гиганти се спремни да ја подмират побараната сума, а потоа би следувале евентуални преговори да го убедат Рафиња да се врати во Премиер лигата.
Инаку сезонава Рафиња веќе одигра важна улога во освојување на шпанскиот Суперкуп, а во игра се останатите трофеи, оние поважните како Ла Лига, Лигата на шампионите и Купот на Кралот.