ПО НОВИОТ ТИМ, ПОТВРДЕН И НОВИОТ МОТОР ШТО ЌЕ ГРМИ НА Ф1 ПАТЕКИТЕ
Објавено на: 23.04.2025
Откако стана јасно дека Формула 1 добива нов тим од 2026 година, Кадилак Ф1, денес и официјално се потврди и новиот произведувач на мотори со кого соработката ќе почне три години подоцна.
Од 2029 година болидите на Кадилак Ф1 тимот ќе возат со машините на Џенерал Моторс, автомобилскиот гигант од САД. Во првите три години Кадилак ќе вози на погон на Ферари, а потоа ќе го отвори патот на американците во најбрзиот мото циркус на светот.
Одобрението добиено од ФИА значи дека Џенерал Моторс со своите машини ќе се наметнува на великаните како Ферари Мерцедес, но и на моментално најуспешниот тим на Ред Бул, кој пак веќе се во процес на развој на посебен мотор во соработка со Форд, како втор американски произведувач на мотори кој се враќа на сцената по повеќе од две децении.
Ако работите одат според планот, се очекува Кадилак во иднина да се етаблира како тим со шампионски амбиции.