ТИПУВАМЕ

МИЛАН МУ ОДЗЕДЕ ДОБИВКА НА ТРПЕСКИ ИЗМИНАТИОВ ВИКЕНД, ДЕНЕС НАПРАВИ ПОПРАВЕН ТИКЕТ

Одамна нема разлика меѓу викендашкото и билтен изданието кое излага во текот работната недела, особено кај нас каде што изборот на натпревари редовно е голем. Затоа, Трпески ги засука ракавите и се потруди да најдеме шест пара со кои одново ќе се обиде да оствари добика.

Инаку, изминатиов викенд Игор беше блиску до добивка, но не дочека погодок на Милан во поразот од Аталанта со 0-1, каде чекаше по еден гол од двата тима.

Ова е неговиот избор за поправниот предлог-тикет:

МАН. СИТИ – АСТОН ВИЛА: 2+ гола во второ

Знаејќи дека ова е директен дуел кој може да го одреди пласманот во Лигата на шампионите, Трпески се одлучи да избегне тип со победник и да игра на голови. И двете екипи сезонава речиси половина од головите ги постигнаа во вторите 45 минути од натпреварите, па затоа се очекува поатрактивно второ полувреме.

АРСЕНАЛ – КРИСТАЛ ПАЛАС: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ

Топчиите во малото градско дерби ќе се загреваат пред големиот тест кој ги чека во Лигата на шампионите, па Игор очекува да ги наместат нишаните за добра увертира пред мега-дуелот со ПСЖ. По еден гол минимум во двете полувремиња е сосема реален тип.

ПАРМА – ЈУВЕНТУС: гол-гол

Парма сезонава само во два натпревари на домашен терен не успеа да постигне гол, а повеќепати се покажа како тврд орев за поквалитетните екипи од Серија А. Од Бјанконерите се очекува да продолжат со голгетерската серија на „Енио Тардини“ како што беше на нивните три претходни гостувања.

БИЛБАО – ЛАС ПАЛМАС: 1-1 2+ гола

Билбао е блиску да обезбеди пласман во Лигата на шампионите и би требало тимот на Валверде да продолжи со добрите резултати на домашен терен. Од лани во август Баскијците немаат загубено лигашки дуел пред своја публика, па затоа ќе се занемари фактот што Лас Палмас се бори за опстанок.

ИНТЕР – МИЛАН: 2+ гола во второ

Миланските ривали нѐ навикнаа да гледаме дербија исполнети со погодоци. Во последните пет меѓусебни дуели просекот е три гола по натпревар, а Трпески се реши да типува според исходот на последната нивна средба, два гола да паднат во второто полувреме.

АТЛЕТИКО М. – РАЈО В.: Победа домаќин

Неочекуваниот кикс на Јорганциите изминатиов викенд само потврди дека тимот на Симеоне ги загуби силите во финишот од сезоната. Сепак, ние очекуваме да се вратат на победнички патеки со оглед на тоа дека против Рајо имаат одлилна серија на домашен терен, со четири победи и едно реми во последните пет средби на „Метрополитано“.

Натпреварите се играат од денес со четврток, првиот дуел почнува вечерва во 21 часот, така што дотогаш имате време да ја искористите шифрата за брза уплата доколку сакате да ја одиграте нашата визија. Стандардно Трпески вложува 200 денари, на вас останува со колку влог ќе го одиграте тикетот.

Шифра: W04221052358