Кошарка
ВРАТЕТЕ ГО АЈЗЕА ВО НБА ЛИГАТА
Објавено на: 02.08.2021
Ајзеа Томас постигна 65 поени на еден меч во AEBL лигата, а претходно имаше 37 поени во мегапопуларната Drew лига во која сите врвни НБА играчи настапувале во летниот период во одреден дел од нивните кариери.
Томас покажува дека не заборавил да игра кошарка, иако последниот договор му истече на 3-ти април кога му заврши 10-дневниот ангажман со Њу Орлеанс Пеликанс.