БЕНАСЕР ВО ОДБРАНА НА ХАКИМИ ВО ТЕЛ АВИВ
Објавено на: 02.08.2021
Играчот од средниот ред на Милан, алжирскиот репрезентативец Исмаел Бенасер застана во одбрана на некогашниот играч на Интер кој сега настапува за ПСЖ, мароканскиот интернационалец Ашраф Хакими кој беше исвиркуван за време на францускиот Суперкуп, затоа што ги поддржа Палестинците.

Хакими беше исвиркуван на секој допир со топката на Блумфилд во Тел Авив, затоа што во мај јавно ја искажа поддршката за бомбардираната Палестина од страна на Израел, во новата меѓусебна воена ескалација на овие две земји.