Фудбал

ПО ДЕБАКЛОТ НА АКТУЕЛНИОТ ЕВРОПСКИ ПРВАК, ИМА НОВ ФАВОРИТ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

По првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите, се случи интересен пресврт меѓу фаворитите за освојување на европската круна.

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид претрпе тежок пораз од 3-0 на гостувањето кај Арсенал, по што Топчиите станаа први фаворити да завладеат со фудбалска Европа во пресрет на реваншите идната недела.

Имено, Арсенал има 28,40% шанси за биде шампион на Стариот континент, според симулацијата на „Опта“ во која се предвидува првакот. Барселона со 22,40% шанси се втори фаворити, а потоа следуваат Интер (21,10%) и ПСЖ (18,80%).

Интересно е што токму Реал има најмали шанси, само 1,10% , па дури и Дортмунд кој вчера загуби со огромни 4-0 од Барселона има 1,13% шанси за чудо.

Прашањето е, дали Арсенал како клуб кој зад себе има само едно финале во ЛШ, навистина ќе стигне до својата прва европска круна?