Кошарка

ДЕНВЕР НЕМА ПОТРЕБА ОД НОВ ТРЕНЕР КОГА ГО ИМА ЈОКИЌ (ВИДЕО)

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа против Сакраменто кингс со 124:116, од кои 20 поени беа на српскиот центар, надополнети со 12 скока и 11 асистенции за нов трипл-дабл учинок.

Интересен момент се забележа при еден тајм-аут, кога Јокиќ ја зеде таблата и им нацрта акција на соиграчите. Овој момент немаше да биде тема на разговор, меѓутоа Денвер пред два дена остана без тренер по отказот на Мајк Мелоун, додека тимот до крајот на сезоната ќе го води асистентот Еделман.