БРУТАЛНИОТ МАТИЌ ГО ЗАКОПА ОНАНА: ТОЈ Е НАЈСЛАБИОТ ГОЛМАН ВО ИСТОРИЈАТА НА ЈУНАЈТЕД
Објавено на: 09.04.2025
Се разгорува атмосферата во пресрет на првиот четвртфинален натпревар меѓу Лион и Манчестер јунајтед во Лигата на Европа, особено откако Немања Матиќ со брутален одговор му покажа кај му е местото на Андре Онана, голманот на Црвените ѓаволи.
Камерунскиот чувар на мрежата истакна дека Јунајтед е далеку поквалитетен тим од Лион, иако резултатите од сезонава не го покажуваат тоа, на што Матиќ одговори дека тој е најслабиот голман во историјата на гигантот од „Олд трафорд“.
„Ги почитувам сите, но кога ќе кажеш такво нешто, треба да преземеш одговорност. Да го кажеа тоа Де Хеа, Ван дер Сар или Шмајхел, тогаш би прифатил, но ако си статистички најслабиот голман во историјата на Манчестер јунајтед, прво треба да се докажеш на теренот па да збориш сè и сешто“, изјави Матиќ на денешната прес-конференција.
Дуелот Лион – Манчестер јунајтед е предвиден за утре во 21 часот, во кој токму ќе видиме кој е поквалитетниот тим, барем во првите 90 минути.