Фудбал

ЖЕСТОКА ПРЕСМЕТКА МЕЃУ УЛТРАСИТЕ НА ПСЖ И АСТОН ВИЛА СРЕДЕ ПАРИЗ (ВИДЕО)

Жестока физичка пресметка меѓу навивачи на ПСЖ и Астон вила се случи вчера пред еден паб во Париз. Според очевидците, парижаните ненадејно ги нападнале англиските фанови кои допатуваа од Бирмингем во пресрет на вечерашната пресметка меѓу двете екипи во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

На видеото се гледа како летаат чаши, се користат и столици, а засега не е познато дали има повредени.

Овој инцидент не е новост, француските ултраси се познати по правење нереди, а ниту англиските навивачи не се цвеќе за мирисање, па ја користат секоја прилика за физичка пресметка.