САЛАХ ПОТПИША, СЕ ЧЕКА САМО ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА?
Објавено на: 03.04.2025
За разлика од Трент Александер-Арнолд кој речиси сигурно кариерата ја продолжува во Реал Мадрид, првата ѕвезда на Ливерпул Мохамед Салах, наводно ставил потпис на нов договор со Црвените.
Информацијата ексклузивно ја обелодени францускиот медиум „ФутМеркато“, тврдејќи дека обновената соработка меѓу Фараонот и Ливерпул ќе трае уште две години. Се чека само официјализација од страна на англискиот првак во најава, со што ќе се израдува целата фан-база на гигантот од Мерсисајд.
Останува уште да се реши сагата околу Ван Дајк. На холандскиот стопер, исто Салах и Трент, му истекува договорот по крајот на оваа сезона и засега не е познато дали останува на „Енфилд“ или ќе ја продолжи кариерата во друг клуб.