Фудбал

УЕФА ЌЕ ГО „ОСАКАТИ“ РЕАЛ ЗА ДУЕЛОТ ПРОТИВ АРСЕНАЛ?

Управата на Реал Мадрид стравува до утрешната одлука на Етичката комисија на УЕФА дали ќе изрече казна за Винисиус јуниор, Килијан Мбапе, Антонио Рудигер и Дани Себалјос, откако тројцата фудбалери беа пријавени од страна на Атлетико Мадрид за неспортско однесување и провокации до нивните навивачи.

Инцидентот се случи на 12 март за време на реванш-дуелот од 1/8 финалната фаза во Лигата на шампионите, односно кога Кралевите славеа по пенал-рулетот со кој обезбедија пласман во топ 8 фазата. Утре ќе се дознае дали на четворицата членови на Реал им следува казна во вид на суспензија.

Случајот е отворен во најлош можен момент за Кралевите, ако се знае дека идната недела треба да го одиграат првиот четвртфинален натпревар против Арсенал во ЛШ. Доколку се изрече казна во вид на забрана за настап, Анчелоти ќе биде на тешки маки да скрпи тим со кој ќе напаѓа позитивен резултат против Топчиите.