ЕДЕН ОД НАЈТРОФЕЈНИТЕ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА СЕ СПАСИ ОД ЗАТВОР
Објавено на: 28.03.2025
Дани Алвес, поранешната ѕвезда на Барселона и еден од најтрофејните фудбалери во историјата, е ослободен од сите оптужби за наводното силување за кое беше приведен во јануари 2023 година.
По судењето кое траеше со месеци, Алвес беше обвинет на четири и пол години затворска казна за сексуално злоставување врз девојка, инцидент кој се случи во Барселона во декември 2022 година. И покрај изречената казна, адвокатскиот тим на Алвес прво се избори за условна слобода и кауција од еден милион евра, иако одлежа околу една година зад решетки.
Според последните информации, Алвес сега е целосно ослободен од сите обвиненија, откако Судот во Барселона одреди дека нема доволно докази за делото за кое беше гонет.