ЕХФ НЕ ОДОБРИ ОДЛОЖУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА
Објавено на: 16.03.2025
Македонија тагува по трагичната несреќа која се случи рано утринава во Кочани, а вечерва македонските ракометари ќе мора да го одиграат натпреварот против Словенија во Копер откако ЕХФ не го одобри барањето на ракометната федерација на Македонија за одложување.
Челниците на ракометната куќа во Македонија, испратија барање до ЕХФ натпреварот попладнево од 18:30 во Копер да се одложи, поради трагедијата во Кочани, но веројатно поради густиот распоред на клубовите и немањето на термини кога да се одигра во летниот циклус, ЕХФ го одби барањето.
Од РФМ известуваат дека натпреварот ќе започне според планираното, со 1 минутен молк пред почетокот.