Фудбал

РЕТКЛИФ ОТКРИ КОЈ МЕНАЏЕР НА ЈУНАЈТЕД НИКОГАШ НЕ БИ ГО АНГАЖИРАЛ

Сер Џим Ретклиф од ден за ден ја бранува јавноста во Англија, а по изјавата за штедење во Јунајтед и кои играчи не ја заслужуваат платата, на ред дојдоа и претходните избори на менаџери на Олд Трафорд.

Откако си замина Сер Алекс Фергусон, во Јунајтед се сменија многу тренери и тоа: Дејвид Мојс, Рајан Гигс, Луис Ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солшер, Мајкл Керик, Ралф Рагник, Ерик Тен Хаг, Руд Ван Нистерлој и последно Рубен Аморим.

Сепак, од оваа листа, сопственикот на Јунајтед го издвои Дејвид Мојс како тренер кој никогаш не би го ангажирал за тренер во Манчестер Јунајтед.

Видете, јас многу го почитувам Дејвид Мојс. но да го ангажирате него веднаш по Сер Алекс, тоа е нешто што не би го направил. Чевлите на Фергусон беа преголеми за Мојс, бидејќи од тренер кој освои 13 титули во Премиер лигата и 2 во Лигата на шампионите, продолживме со тренер кој никогаш не водел играчи од светска класа и кој нема ништо освоено. За да се носиш со предизвикот, треба да имаш и карактер, но и искуство.

Тој продолжи:

Не мислам дека на пример Реал Мадрид би го направиле тој избор. Да, некогаш клубот можеби ќе погоди тренер без педигре, но во тоа време требало да се ангажира најдобриот во светот, бидејќи Манчестер Јунајтед е најдобриот клуб во светот.

Да не се заборави, Мојс имаше 51 натпревар како тренер на Олд Трафорд, завршувајќи го својот престој со скор 27 победи, 9 нерешени и 15 порази. Беше избркан по поразот од неговиот поранешен клуб со 2:0 на Гудисон Парк.