СОН СПРЕЧИ ТЕПАЧКА НА СОИГРАЧИ НА ТЕРЕНОТ (ВИДЕО)
Објавено на: 14.03.2025
Не му е лесно ни на корејскиот суперстар, кој треба да ги раздвојува своите соиграчи од кавга на терен, на сред натпревр.
Тотенхем победи со 3:1 против Аз Алкмар, но освен победата и пласманот понатаму, она за што се збори вчера и денес е кавгата помеѓу Џејмс Мадисон и Педро Поро.
Таа беше толку „жешка“ за тоа кој да го изведе слободниот удар на резултат од 1:0 за домашните, што мораше да доаѓа капитенот да ги разделува.
На крај, Мадисон го изведе слободниот, но се чини дека лутината не ги држеше долго бидејќи Педро Поро беше забележан подоцна како го прославува голот на „непријателот“ во 48 минута во второто полувреме.