ТИКЕТОТ НА КОЛОТО ОД ИГОР ТРПЕСКИ
Објавено на: 14.03.2025
Петок е ден за прелистување на спортската понуда и подготовка на нов предлог тикет со кој ќе се обидеме да ќариме нешто овој викенд.
Повторно, како секое коло, мој избор се обложувалниците на Златна Копачка бидејќи освен најголемата понуда, ги имаат и највисоките коефициенти и секогаш добиваш нешто повеќе доколку си лојален играч.
Па еве го мојот избор, со мала анализа зошто баш тие парови и игри ги играм. Доколку ти фати око, можеш да го уплатиш до сабота (15.03) до 15:59ч.

Манчестер Сити vs Брајтон: 1-3 гола во прво и +1 во второ
Сити игра само Премиер, Брајтон исто така, па головите очекувам да бидат присутни и во прво и во второ. Бидејќи играта 1-3 во прво и 1+ во второ е со поголем коефициент од 1+ 1+, одлучив овој натпревар да го пробам со оваа малку поризична игра.
Милан vs Комо: Т1 2+
Веројатно победата со пресврт кај Лече ќе го врати ентузијазмот и добрата форма кај росонерите, кај кои на гости доаѓа незгодниот Комо. Сепак, верувам дека со помош на домашните навивачи, миланезите ќе постигнат барем 2 гола против тимот на Фабрегас, кој игра добар фудбал и само поради тоа не би го одиграл овој дуел чист 1.
Виљареал vs Реал Мадрид: Т2 1+ второ полувреме
Да се игра против Виљареал по 120 минути дуел против Атлетико нема да биде лесна задача за фудбалерите на Анчелоти, па затоа типувам дека Реал ќе даде барем 1 гол во второ полувреме.
Жирона vs Валенсија: 1+ 1+
И двете екипи нема што да загубат, а головите очекувам да бидат присутни на големо во последниот дуел од шпанската Ла Лига во сабота. Иако може да се одигра и чисто 3+, одиме на поголем коефициент со играта барем 1 гол во прво и барем 1 гол во второ.
Венеција vs Наполи: 2
Наполи е во трка за титулата со нероаѕурите од Милано, но и Бергамо, а Интер и Аталанта во истиот ден играат меѓусебен дуел. Па затоа, тие треба со две раце да ја зграбат победата против Венеција, која иако се бори за опстанок, верувам дека нема да биде достоен противник на тимот на Конте. Затоа, овој дуел го играм чиста двојка.
Фиорентина vs Јувентус: ГГ
И едните и другите често даваат, но и примаат голови, па затоа меѓусебниот дуел помеѓу Виола и Јуве го типувам гол-гол. Јувентус поради повредите на голем дел одбранбени играчи често прима голови, а Фиорентина на домашен терен секогаш оди на гол повеќе.
Атлетико vs Барселона: ГГ
Што му останува на Атлетико сезонава освен да ја освои Ла Лига по болната елиминација од Лигата на шампионите од Реал Мадрид? Затоа со сите сили треба да тргне во победа против Барса, но и гостите нема да дојдат со бело знаменце. Затоа, очекувам барем по 1 гол во двете мрежи.

Кодот за уплата на овој тикет во обложувалниците на Златна Копачка е: W03141135555