ДЕМБЕЛЕ ОТКРИВА ЗОШТО ШУТИРА ПЕНАЛИ СО ПОСЛАБАТА НОГА
Објавено на: 12.03.2025
Осман Дембеле покрај Донарума, беше можеби најдобриот играч на ПСЖ во елиминацијата на Ливерпул од 1/8 финалето од Лигата на шампионите, а она што посебно денес се зборува во фудбалските муабети на социјалните мрежи е голот од пенал кој Французинот го постигна шутирајќи со својата послба, нешутерска нога.
Французинот, кој подеднакво добро игра и со двете нозе ја откри причината зошто шутираше со десната нога, иако прво се намести да го изведе пеналот со левата. Тој е природен левучар, но пеналот против Алисон Бекер самоуверено го шутираше со десната нога.

На прашањето дали е се уште левак, тој одговор.
Да, јас сум левак, но со десната нога подобро шутирам во вакви ситуации.

Дембеле истата ситуација ја имаше и на Европскоото во 2024, надмудрувајќи го Диого Коста од Португалија. Според многу фудбалски аналитичари, овој начин го прави Дембеле помалку предвидлив за противничките голмани.
Инаку, по заминувањето на Мбапе, се чини дека Дембеле ја презеде лидерската улога во ПСЖ, постигнувајќи досега 29 гола и 6 асистенции.