Фудбал

ЦИРКУС ОД СОНИШТАТА? ЧУДЕН ДИЗАЈН ЌЕ ИМА НАЈГОЛЕМИОТ СТАДИОН НА ОСТРОВОТ ВРЕДЕН 2 МИЛИЈАРДИ ФУНТИ (ФОТО+ВИДЕО)

Управата на Манчестер јунајтед ги обелодени плановите за изградба на нов стадион со кој ќе се отпочне нова ера во клубот, но и ќе се напушти култниот „Олд трафорд“.

Новиот фудбалски храм на Црвените ѓаволи ќе биде најголем на Островот со капацитет од 100.000 седишта, а изградбата ќе чини неверојатни две милијарди фунти.

Сепак, мислењата околу дизајнот се поделени, додека на социјалните мрежи фановите веќе се шегуваат дека стадионот личи на шатор од циркус, нарекувајќи го „Циркусот од соништата“, што се совпаѓа со актуелните резултати на екипата која доживува слободен пад во сите конкуренции.