Ракомет

ПРОЕКТИЛОТ НА ФИТИЉ МЕЃУ 10-ТЕ НАЈДОБРИ ПОГОДОЦИ ВО ГРУПНАТА ФАЗА НА ЛШ (ВИДЕО)

Филип Кузмановски, најдобриот ракометар на Еурофарм Пелистер, забележа одличен настап во групната фаза во Лигата на шампионите, иако не успеа да ѝ помогне на екипата да се пласира во следната фаза.

Македонскиот репрезентативец на 13 меча постигна 79 погодоци и е на делба на четвртото место со Коста Мартим од Спортинг, на листата на најдобри стрелци. Дека е вистински бомбардер, докажа и видео-каталогот на ЕХФ со најдобрите 10 гола кои се постигнаа во групната фаза, на кое Филип заста на осмото место со својот проектил против Динамо Букуреш.