Фудбал

ФЛИК ГО ПРЕПОРОДИ ПЛЕЈМЕЈКЕРОТ КОЈ БЕШЕ НА ИЗЛЕЗНА ВРАТА, ПА СЕГА ДОБИВА НОВ ДОГОВОР

Пријатно изненадување е информацијата која доаѓа од Шпанија дека Барселона подготвува нов долгогодишен договор за Френки Де Јонг.

Холандскиот репрезентативец долго време беше на излезна врата, клубот упорно се обидуваше да се ослободи од него со цел да врати барем каков-таков дел од инвестицијата тешка 75 милиони евра, но сега нештата се сменија во тотално спротивен правец.

Флик остана на зборотм кој го даде кога пристигна во клубор,, даде шанса на сите играчи да докажат дека го имаат потребниот квалитет да играат за Барселона, па така успеа да го препороди Де Јонг кој во изминатиов период редовно брилјира во дресот на каталнскиот гигант, што ја натера управата да изготви продолжување на соработката.

Актуелниот договор на Де Јонг истекува во јуни 2026 година, па Барса сега не сака да дозволи да го загуби без отштета и во следниот период ќе се обиде да го врзе со нов договор, а со тоа и да остане главен оркестратор на Флик.