Фудбал

НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ ГЛАСА: ПУШКАШ НАГРАДАТА ОВАА ГОДИНА ОДИ ВО РАЦЕТЕ НА ФУДБАЛЕРКАТА НА ТИГРЕС (ВИДЕО)

За Пушкаш наградата која секоја година се доделува за најдобро постигнат погодок обично се гласа, но за оваа година тоа нема да биде потребно бидејќи нема да видите подобар гол од овој на Лизбет Овале.

Фудбалерката на Тигрес со досега невидена мајсторија ја најави победата од 2-0 над Гвадалахара, кога со нејзиниот „штикла“ удар ја отвори средбата во 76-тата минуа. Овале одлично го испрати нафрлувањето во шестнаесетникот, па иако не беше во добра позиција да шутира, се потпре на својот инстинкт и свртена со грбот кон голот ја постави ногата така што го смени правецот на топката, а противничката голманка немоќно гледаше како таа влегува во голот.