Фудбал

РОНАЛДО НЕ ОТПАТУВА СО АЛ-НАСР ВО ИРАН ЗА ДА ИЗБЕГНЕ КАМШИКУВАЊЕ?!

Ал-Наср попладнево го игра првиот осминафинален дуел во азијската Лига на шампиони, на гости кај Естеглал од Иран, а Кристијано Роналдо не отпатува за Теран заедно со тимот кој го предводи Стефано Пиоло.

Причината не е повреда, Кристијано е во топ физичка форма и здрав како дрен, но причината е радикална казна – 99 камшикувања!

Пред две години, Роналдо се фотографираше и подари дрес на негова хендикепирана навивачка, која цртала портрети од Португалецот со нејзините нозе. Во знак на благодарност, Роналдо ја бакна младата навивачка на образот, не знаејќи колку строги се казните за искажување јавна интима кон жена со која не е во брак.

Според иранскиот закон, Роналдо треба да биде камшикуван дури 99 пати како казна, па клубот не сакаше да ризикува ваков скандал и го остави својот најдобар фудбалер во Саудиска Арабија.

Дуелот инаку е предвиден да се одигра во 17 часот според нашата временска зона.