РЕДОВНА ПРАКСА ЗА ИГОР ВО ПЕТОК ДА „ЗГОТВИ“ НОВ ТИКЕТ НА КОЛОТО
Објавено на: 28.02.2025
Пред нас е нов викенд, а тоа значи дека Игор Трпески повторно го излиста вебот или билтенот на Златна Копачка во обид да најде неколку парови со кои ќе состави предлог-тикет, со надеж за добивка.
Се одлучив за 7 пара од најатрактивните фудбалски лиги во Европа, како и типови кои на прв поглед се доста реални и доколку нема изненадувања, па би требало да ги погоди.

БЕТИС – РЕАЛ МАДРИД: Гол-Гол
Бетис има само една победа во последните 5 меча на домашен терен и дури во 4 од нив прими барем еден гол. Тоа се добри вести за Кралевите, кои иако се мачат со повреди, влегоа во импресивна победничка низа. Затоа, најдобро е да се типува дека двете екипи ќе дадат барем по еден гол.
НАПОЛИ – ИНТЕР: 0-2 гола во прво и 1-3 гола во второ
Дербито кое најверојатно ќе го одреди и шампионот во Италија, каде Интер засега има само бод предност во однос на Наполи. Знаејќи дека домаќините се без победа во последните 4 кола, а и Интер е во турбулентна форма, па наместо победник, Игор ќе чека да има ограничен број на голови во двете полувремиња.
А. ФРАНКФУРТ – ЛЕВЕРКУЗЕН: 1+ во прво и 1+ во второ
Барем три гола пaднале во секој од последните 5 меѓусебни средби на Ајнтрахт и актуелниот германски првак, па затоа нашиот тип делува како зицер. По минимум еден гол во двете полувремиња е сосема логична игра за овој пар.
АТЛЕТИКО М. – А. БИБЛАО: Тим 1 2+ гола во второ
Јорганџиите само еднаш во последните пет средби со Билбао на „Метрополитано“ успеа да постигне повеќе од еден гол, затоа Трпески типува тимот на Симеоне да се разигра и повеќекратно да ја тресе противничката мрежа. Доколку успее, тоа ќе биде добра најава за 1/8 финалето во ЛШ против Реал.
МИЛАН – ЛАЦИО: Гол-Гол
Росонерите западнаа во нова криза и остварија само еден триумф во последните пет меча вклучувајќи ги и дуели против Феенорд во ЛШ. За Лацио тоа се добри вести во пресрет на гостувањето на „Сан Сиро“, каде ќе гледаат да издвојат бодови, а Игор очекува двете екипи барем по еднаш да се радуваат на гол.
ЛИОН – БРЕСТ : 1+ во прво и 1+ во второ
Лион сезонава прими 14 гола во 11 меча на домашен терен, па иако Брест се мачи на гостувањата, па очекувањата се дека ќе паднат барем по еден гол во двете полувремиња, знаејќи дека двете екипи се офанзивно настроени.
БОЛОЊА – КАЉАРИ : 1
Ако Болоња можеше да го надигра Милан вчера, може да освои три бода и против Каљари, тим кој не успеа да слави на последните три гостински меча во Серија А. Игор типува чист „кец“ по зицерска основа.
Тикетот е со парови од сабота и недела, па доколку сакате да го уплатите со шифрата за брза уплата, сторете го тоа до утре пред 18 часот.
ШИФРА: W02281254459