Кошарка

ТРОЈКАТА НА ДОНЧИЌ ПО КОЈА И ТАТКО МУ СЕ ДРЖЕШЕ ЗА ГЛАВА (ВИДЕО)

Лука Дончиќ повторно брилјираше во новата победа на Лејкерси со 111:102 над Минесота, во која словенечката ѕвезда придонесе со 21 поен, 13 скока и 5 асистенции.

Со Лука во составот, Езерџиите добија многу на офанзивен квалитет, а тоа докажува тројката која ја погоди во негов стил преку противничкиот играч. Дончиќ прими пас од Леброн и во трк се одрази на една нога и погоди луда тројка. Арената во Лос Анџелес се крена на нозе, а тато Саша се држеше за глава во неверување.