ЈАДЕ КАКО МЕЧКА! ОТКРИЕНО КОЛКУ КАЛОРИИ ДНЕВНО ВНЕСУВА ХАЛАНД
Објавено на: 27.02.2025
Ерлинг Халанд изминатиов период почесто ги споделува оброците на социјалните мрежи, а неговите фанови кои го следат се зачудија со последната објава. Ѕвездата на Сити сподели фотографија од испечени парчиња јунешки џигер, храна која постојано ја консумира поради нутритивните вредности.
Медиумите отидоа чекор повеќе да дознаат која е тајната на Халанд во неговиот режим на исхрана, како и колку калории дневно внесува. Имено, Халанд внесува до 6.000 калории на дневно ниво, што е два ипол пати повеќе од просечната количина на калории кои ја внесуваат луѓето секојдневно. Овој податок

Покрај џигер, Халанд се храни и со јунешки срцев мускул, додека извесен период се водеше по програмата за исхрана на Кристијано Роналдо. Не крие дека често јаде месо, бидејќи парчињата како срцев мускул и џигер се богати со протеин, цинк и многу хранливи материи кои му помагаат во перформансите на терен.
Сепак, Халанд знае некогаш да биде и обичен смртник, па откри дека е „слаб“ на лазањата која ја готви татко му, Алфи, како и повремено да се почести со донер пица.