ТИПУВАМЕ

ИГРИ НА ГОЛОВИ ПРЕОВЛАДУВААТ ВО НОВИОТ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ НА ИГОР

Вторник е денот кога Игор Трпески го отвора нашиот билтен со намера да состави нов предлог-тикет за вас, но и тој да се обиде да стигне до добивка.

Одбра шест дуели за денес, утре и четврток кои ги одигра пред сѐ на голови, знаејќи дека изминатиов период беше исполнет со натпревари на кои имаше доста голеади.

ЧЕЛСИ – САУТЕМПТОН: 1 – 1 и 2+ гола

Сините мора да излезат од кризниот период во кој претрпеа четири порази на последните пет меча, а шанса да им се вратат на победите имаат токму против фенерџиите од Премиер лигата. Затоа победа на полувреме и крај и 2+ гола.

БРАЈТОН – БОРНМУТ: 2+ второ

Галебите се познати по својата офанзивна игра, но и Бормунт оваа сезна игра напаѓачки фудбал, па нема причина зошто во овој дуел да не се очекуваат барем два погодоци во второто полувреме.

ИНТЕР – ЛАЦИО: Гол-гол

Битката за пласман во полуфиналето од Купот на Италија ќе биде доста неизвесна, па наместо Игор да бара победник, ќе очекува двете екипи барем по еднаш да ги затресат мрежите на „Џузепе Меаца“, со надежи дека гостите ќе ја искористат ротацијата на Инзаги во составот, знаејќи дека Интер има дерби со Наполи во сабота.

ТОТЕНХЕМ – МАН. СИТИ: 1-3 гола во прво и 1+ во второ

Многу ретко се случува дуели на Тотенхем и Сити да завршат со мал број на погодоци, што на Игор му дава кураж дека сега во двете полувремиња ќе има минимум по еден гол, но во првите 45 минути ќе нема повеќе од три погодоци.

ЛИВЕРПУЛ – ЊУКАСЛ: 0-2 во прво и 1-3 гола во второ

Продолжува шампионскиот поход на Ливерпул и речиси сигурно нема да застане во средбата против незгодниот Њукасл. Наместо да се брка победник, Игор очекува дека ќе нема повеќе од два гола во прво, а ќе има од еден до три гола во второто полувреме на „Енфилд“.

БОЛОЊА – МИЛАН: 1+ во прво и 1+ во второ

Болоња е нова пречка на која Милан може да се лизне и да испушти важни бодови, но Трпески посакува по еден гол во двете полувремиња, потпирајќи се на минатите меѓусебни дуели во кои 2+ е редовен исход.

Првиот натпревар од овој предлог тикет стартува вечерва во 20:30 часот, така што имате време пред тоа да ја искористите шифрата за брза уплата и да го одиграте предлог-тикетот на Игор.

ШИФРА: W02251059371