ЧОВЕЧНОСТА ПРЕД СЀ: НАЈДЕ ШАЛ СТАР 53 ГОДИНИ И МУ ГО ВРАТИ НА СОПСТВЕНИКОТ
Објавено на: 24.02.2025
Грант Денскин од вчера е посреќен човек откако успеа да си го врати клупскиот шал кој веќе 53 години го носи за време на натпреварите на Астон вила.

Денскин го загуби саканиот шал во текот на возбудливиот натпревари меѓу Астон вила и Ливерпул, ремито од 2-2 кое се одигра на „Вила парк“, па целиот потресен пријави дека го загубил и би сакал да му биде вратен доколку некој го најде. Шалот му бил од голем значај на Грант, особено што симболот на Астон вила бил сошиен од неговата мајка пред повеќе од половина век.
За негова среќа, друг фан на Вила, добриот Стјуарт Гарат, бил еден од 2,3 милиони луѓе кои ја прочитале пријавата на социјалните мрежи, а токму тој го нашол шалот. Од жал, Сјуарт се вратил во околината на стадионот и бил решен да го најде шалот по секоја цена.

Токму тоа и го сторил, Стјуарт успешно го нашол шалот кој бил оставен на оградата пред еден од влезовите на „Вила парк“. Пресреќен што успеал да му помогне на повозрасниот „навивачки колега“, го контактирал Грант и му го вратил шалот.
Целата потрага заврши среќно и со многу испиено пиво, како што Грант Денскин вети дека ќе го чести оној кој ќе му го најде шалот.